Дома Останати Медведев: Би сакал да играм финале со Ѓоковиќ во Мелбурн, па и да изгубам

Медведев: Би сакал да играм финале со Ѓоковиќ во Мелбурн, па и да изгубам

Вториот светски рекет Данил Медведев важи за прв фаворит на Австралија Опен и истакна дека би сакал да има можност повторно да игра финале со Ѓоковиќ.

Русинот може да го симне Новак Ѓоковиќ од врвот на АТП-листата затоа што Србинот не ја брани титулата и ќе загуби 2.000 бодови, а Медведев по натпреварот не сакаше да ја прифати фаворитската улога во Мелбурн.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Секогаш велам дека фаворит е тој со најдобар ранг, но овој пат сметам дека тоа е Надал. Сепак, тој има освоено 20 грен слем титули“, изјави Медведев.

„Мелбурн е најомиленото место во светот на Ѓоковиќ, има одиграно премногу натпревари. Се обидов да го спречам минатата година, но бев далеку од тоа. Би сакал да имам шанса повторно да играм со него во финале, па дури и да загубам“, вели Медведев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Ѓоковиќ утре го игра својот прв меч во Монте Карло: Еве и во кој термин – ќе се соочи со тенисер со кого играл еднаш и изгубил

Новак Ѓоковиќ дозна кога ќе го игра првиот меч на Мастерсот во Монте Карло, а противник ќе…