Дома Фудбал Останато Мбапе нема скршеница, но…

Мбапе нема скршеница, но…

Напаѓачот на Пари Сен Жермен Килијан Мбапе во финалето од Купот на Франција доби незгоден удар поради што со солзи во очите го напушти теренот.

Мбапе потоа со патерици дојде да го проми пехарот, а после деталните прегледи ПСЖ денес излезе со официјално известување за неговата повреда.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


 Французинот заработи повреда на скочниот зголб, но за среќа не станува за скршеница, иако има оштетување на лигаментите.

„Истегнување на десниот скочен зглоб со значителна повреда на екстерниот латерален дел од лигаментите. Ќе биде повторно прегледан за 72 часа“, стои во соопштението.

Поради повредата Мбапе готово сигурно ќе го пропушти четврфиналниот дуел со Аталанта од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џексон за преселбата во Баерн: Беа тешки денови, сакав само тука!

Фудбалерот од Сенегал, Николас Џексон, денес изјави дека последните денови од трансфер пер…