Дома Трансфер зона Мајсторството на Марота: Интер за отпишан играч ќе добие 98 милиони евра

Мајсторството на Марота: Интер за отпишан играч ќе добие 98 милиони евра

Oсум години Бепе Марота шефуваше во спортскиот сектор на Јувентус и таму се специјалираше за купување за мали суми или ангажмани без оштета, учествуваше во воспоставувањето на доминацијата на „старата на дама“, за потоа да се пресели во Интер и сега во редовите „нероаѕурите“ продолжува да го покажува своето мајсторство.

Минатото лето Марота погоди неколку играчи, а погоди и со Конте на клупата, па затоа Интер до прекинот на сезоната изгледаше како сериозен конкурент на Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Марота сега е на добар пат да заработи скоро 98 милиони евра и тоа од играч кој Антонио Конте и раководството го отпишаа.

Попрецизно 98 милиони евра, бидејќи толку ќе се слеат во касата на миланскиот гигант под услови ПСЖ да ја активира опцијата за откуп на Аргентинецот.

Икарди после проблемите во Интер минатата сезона премина во ПСЖ како позајмен фудбалер. Марота во неговиот договор вметнал и посебна клазула. Според таа клазула Интер ќе добие дополнителни 15 милиони евра ако „Светците“ решат да го купат, па потоа да го препродадат на некој италијански клуб. Освен Интер, се разбира.

ПСЖ веќе плати 13 милиони евра, а отупот ќе ги чини 70 милиони евра, па ако после Французите сакаат да тргуваат со Јувентус кој важи за главен фаворит за потписот на Аргентинецот, тогаш Интер ќе добие уште 15, значи вкупно 98 милиони евра за отпишан играч.

Што ќе прави ПСЖ и за колку ќе го продаде, тоа Марота и Интер не ги интересира, тие сакаат само да извлечат повеќе пари од играч кој кај Конте не може да помогне. Нормално, истото важи ако Икарди од ПСЖ отиде во Милан или Наполи кои исто така се поврзуваа со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…