Македонија на денешниот ждреб за противник во полуфиналето во баражот ја доби Италија, додека ако се пласираме во финалето ќе играме против Италија или Турција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Реално, го добивме најтешкиот пат за да стигнеме до Мундијалот. Меѓутоа Лотар Матеус порачува дека Македонија не смее да се отпише.
„Тешка, многу тешка е таа група. Таму се Италија и Португалија, една од овие репрезентации нема да оди во Катар. Но, немојте да ја отпишувате Македонија. Тие се репрезентација која играат добар фудбал, така ќе играат и со Италија. Таа Македонија ја победи мојата Германија, не го заборавајте тоа“, изјави Матеус.