Легендата на Интер, Марко Матераци го изрази својот гнев поради недосудената игра со рака на Рабио за време на синоќешното дерби против Јувентус.
„Старата дама“ победи со 0:1 со голот на Костиќ, но според „нероаѕурите“ голот не требало да биде признаен.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Имено, ВАР прегледуваше евентуална игра со рака од Рабио непосредо пред голот, но беше одлучено дека играта била регуларна.
Сите во таборот на Интер беа незадоволни од таквата одлука, а Матераци јавно го искажа гневот на социјалните мрежи.
„И после ова се прашуваат зошто! Покриен ти беше погледот?“, праша Матераци и објави слика од ситуацијата.
