Снимките од тунелот на синоќешниот натпревар помеѓу Бразил и Англија ни ги открија вистинските мотиви за трансферот на Нејмар во ПСЖ ова лето.
Додека Нејмар излегуваше на терен со своите соиграчи одлучи да им прииде на младите деца кои ги придружуваат фудбалерите и на нивно изненадување почна да разговара со нив.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Едно од цената одлучи да го праша Нејмар зошто одлучил ова лето да се пресели во ПСЖ, а неговиот одговор ги изненади сите.
„За да ја направам француската лига најдобра на светот“, одговори Бразилецот.
Нејмар ова лето стана најскапиот фудбалер на сите времиња, а оваа сезона има постигнато 11 гола на 12 натпревари за „светците“.