Дома Останати Авто Мото Маркез задоволен: Победив на стаза на која често се мачев

Маркез задоволен: Победив на стаза на која често се мачев

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез денеска оствари нова победа во Мото ГП шампионатот и тоа во трката во Ле Манс.

Беше тоа трета победа по ред за Маркез кој уште еднаш докажа дека убедливо е во најдобра форма.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


После новата победа и покачување на предноста во вкупниот поредок на возачите, Маркез порача дека е задоволен, иако трката не била лесна.

„Трката не беше лесна бидејќи сите беа доста близу. Кога излеговме на стазата видов дека е малку поразлично од вчера. Ниско беше нивото на приклучување и беше потребно време да се постигне потребната работна температура на пневматиците. Се трудев, притискав и на крајот успеав. Задоволен сум од тоа како заврши и што победив на стаза на која често се мачев.“ – рече Маркез.

Да потсетиме, бранителот на титулата сега има 36 бодови повеќе од второпласираниот Виналес на Јамаха, додека третиот Јохан Зарко има 37 бода помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Семејството на Шумахер на аукција продаде часовници на славниот возач

Часовниците на големиот Формула 1 возач Михаел Шумахер се продадени во текот на вчерашниот…