Фудбалерите на Реал Мадрид се простија од Лигата на шампионите после поразот во осминафиналето од Манчестер Сити.
„Кралевите“ беа поразени во два натпревари со ист резултат (2:1) и така се простија од Лигата на шампионите за оваа сезона. Но, на натпреварот на „Етихад“ го обележи лошата игра во одбраната на Реал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стоперскиот тандем Варан – Милитао одигра катастрофален натпревар, посебно Варан кој беше директен виновник за двата гола на Сити.
Во овој натпревар Зидан не можеше да смета на Серхио Рамос кој беше суспендиран. Сепак, Рамос отпатува во Манчестер за да пружи поддршка.
„Марка“ утрово жестоко ги критикуваше играчите на Реал и посебно ги издвои Варан и Милитао.
„Рамос повторно покажа како еден капитен треба да се однесува. Преку целиот натпревар го бодреше својот тим и можеше да се види дека му е тешко што не може да помогне. Тој повеќе направи од трибините отколку од играчите кои беа на теренот“, заклучи „Марка“.