Дома Фудбал Италија Манџукиќ прифаќа и помала плата за да остане во Јувентус!

Манџукиќ прифаќа и помала плата за да остане во Јувентус!

manzukic

Според последните информации од Италија, иднината на Марио Манџукиќ е во Јувентус.

Во редовите на Јувентус се сосема задоволни од настапите на хрватскиот напаѓач кој неодамна доби чест да ја носи капитенската лента, а сега од клубот ќе добие изгледа ново признание.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кориере дело Спорт“ објави дека Јувентус сака да го продолжи договорот со Марио Манџукиќ на уште две или три сезони со тоа што би му се намалила платата која во овој момент изнесува 3.5 милиони евра по сезона.

Ако се суди според информациите од „Чизмата“, Манџукиќ ја прифатил таквата понуда во која ќе има и поголеми бонуси од досегашните. Така висината на примањата на напаѓачот веројатно најмногу би зависеле од минутажата која ќе ја добива.

Манџукиќ во Јувентус настапува од 2015 година. Претходно го носеше дресот на Атлетико Мадрид, Баерн, Волфсбург, Динамо Загреб и Марсонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мадуеке како дефанзивец на Лестер: Го спречи Палмер да погоди на празен гол! 🎥

Екипата на Челси денеска игра натпревар против Лестер во Премиер лигата, а по десетина мин…