Дома Фудбал Останато Манчини ги исфрли од тимот Белоти, Бонучи и Заниоло

Манчини ги исфрли од тимот Белоти, Бонучи и Заниоло

Италијанските медиуми информираат дека предводникот на „азурите“, Роберто Манчини денес изостави неколку ѕвезди за мечот со Македонија.

Манчини мораше да се одлучи кои 23 фудбалери ќе ги повика за вечерашниот бараж, па мораше да изостави неколку фудбалери.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Манчини одлучи на трибини да ги остави меѓу другите и Белоти, Бонучи, Скамака и Заниоло.

Медиумите во Италија тврат дека Манчини веќе го избрал стартниот тим, кој ќе изгледа вака:

Донарума на голот. Дефанзивната линија ќе биде составена од Флоренци (Милан), Манчини (Рома), Бастони (Интер) и Емерсон Палмиери (Олимпик Лион). Во средниот ред ќе играат Верати (ПСЖ), Жоржињо (Челзи), Баерла (Интер) и Берарди (Сасуоло). Имобиле (Лацио) и Инсиње (Наполи) во врвот на нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ди Марија е класа: Постигна гол директно од корнер! (Видео)

Аргентинскиот фудбалски ветеран, Анхел Ди Марија, продолжува да плени и во своите позрели …