Oд македонскиот репрезентативен дрес после победата против Чешка се простија две големи ракометни имиња, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.
Повлекувањето на Миркуловски беше најавено, а Стоилов одлуката ја соопшти на прес-конференцијата после натпреварот. Порака со која ги испрати во репрезентативна играчка пензија испрати Дејан Манасков кој не можеше да и помогне на Македонија во овој двомеч поради повреда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Што да кажам за вас двајца, ако тргнам да пишувам ќе ми требаат неколку дена. Ми беше чест и задоволство што заедно ги делевме и добрите и лошите моменти во репрезентацијата сите овие години. Сите победи и порази, сите наши заеднички дружења. Фала ви за се мангупишта. Ќе фалите“, напиша Манасков на социјалните мрежи.