Дома Останати Тенис Малиот Стефан гордо го гледа својот татко: Оваа фотографија од Ѓоковиќ ги собра сите симпатии 📸

Малиот Стефан гордо го гледа својот татко: Оваа фотографија од Ѓоковиќ ги собра сите симпатии 📸

Новак Ѓоковиќ од денес повторно е тенисер број еден на АТП листата, а според многумина со освоениот Ролан Гарос Ѓоковиќ стана и најдобриот во историјата.

Српскиот тенисер постави низа рекорди со вчерашната победа против Каспер Руд, меѓутоа веројатно најубавата слика беше направена по мечот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


За време на прес-конференцијата за медиумите додека Ѓоковиќ одговараше на прашањата на новинарите, неговиот син гордо го гледаше и го чекаше да заврши.

„Најубавата слика. Стефан го гледа својот татко и изгледа така гордо“, стои на објавената фотографија од соработникот на Ѓоковиќ, Тиери Жибер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Агаси: Алкараз ги собра сите особини од големата тројка

Карлос Алкарас навистина има причини да ужива на лаврите. Не само што повторно е најдобар …