Дома Трансфер зона Малдини спрема уште еден голем трансфер

Малдини спрема уште еден голем трансфер

Милан го договори трансферот на Чарлс де Кетелар, но „росонерите“ спремаат уште засилувања до крајот на преодниот рок.

Миланскиот гигант веќе подолго време е заинтересиран за крилниот фудбалер на Челзи, Хаким Зијех.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Сините“ од Лондон се засилија со Рахим Стерлинг и нема да има место за Зијех, кој сака да се пресели во клуб каде ќе има поголема минутажа.

Милан во ангуст ќе се обиде да го донесе Мароканецот на позајмица со право на откуп. Зијех веќе има договор со „росонерите“ и прифати намалување на платата.

Фудбалерот преферира да се пресели на „Сан Сиро“, па се очекува двата клуба да најдат заеднички јазик околу позајмицата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…