Македонската ракометна репрезентација со победа ја отвори новата година, откако триумфираше над Чиле во контролен натпревар во Скопје.
Иако подмладена, македонската репрезентација без поголеми проблеми го совлада Чиле (25:21).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После израмнетите први минути Македонија почна да игра подобро и стигна во еден момент до пет гола разлика, а на полувреме заминавме со предност 15:11.
Во второто полувреме Чиле најмногу што направи е доближување на два разлика 18-16, а избраниците на Брестовац рутински стигнаа до победа од 25:21.
Најефикасни во редовите на македонската репрезентација беа Мартин Стефанов и Жарко Пешевски со по пет голови, а капитенот Кирил Лазаров беше на клупата и воопшто не влезе во игра.