Дома Македонски спорт Македонската публика утре на ТВ ќе може да го гледа документарецот за Дарко Панчев!

Македонската публика утре на ТВ ќе може да го гледа документарецот за Дарко Панчев!

Конечно девет месеци по неговото преставување на церемонијата во хотелот „Александар Палас“ македонската фудбалска јавност ќе има можност да го погледне документарниот филм посветен на кариерата на Дарко Панчев, „Патот на Кобра до ѕвездите“.

Документарецот ќе се емитува утре на „Спортклуб 1“ со почеток од 21:05 часот. Како што е познато тој е во изработка на телевизијата „Спортклуб“, „Спортнетврок“ и „Спортското радио 90.3“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Постигнав многу голови во кариерата, а еден голгетер според мене не треба да гледа кој гол е убав, треба да ги има што повеќе. Секој гол кој што сум го постигнал миу е драг.

Документарец се прави само ако имате што да прикажате и кажете во него. Исто така во изработка е и моја автобиографска книга“, изјави Панчев на претставувањето пред девет месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…