Дома Македонски спорт Македонија помеѓу великаните: Ова се сите учесници на младинскиот Евробаскет

Македонија помеѓу великаните: Ова се сите учесници на младинскиот Евробаскет

По завршувањето на собирот во Скопје, како и оној на Крит, познати се и имињата на 16. репрезентации кои ќе бидат дел од елитното младински Евробаскет во сезоната 2023/2024.

Место три, како што беше предвидено, две репрезентации од Дивизијата „Б“, ќе влезат во „А“ дивизијата во оваа младинска (У20) конкуренција.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Тоа се финалиситте на шампионатотл во Скопје, репрезентациите на Чешка и Македонија. Најголемиот губитник е „бронзената“ Украина која иако третопласирана, според новата „проекција“ на ФИБА, догодина останува во „Б“ сегментот.

Основната причина е што репрезентацијата на Полска го освои претпоследното место на првенството од „А“ дивизијата, одржано на Крит, а со оглед на тоа што ќе биде домаќин на наредниот шампионат, во 2024 година, остануваат „прволигаши“.

Во понизок ранг се селат последнопласираната Естонија и Хрватска, која заврши на 14. позиција.

Нареднито шампионат во Полска, Македонија ќе игра во мошне силна конкуренција, заедно со репрезентациите на: Франција, Израел, Грција, Белгија, Србија, Германија, Турција, Литванија, Италија, Шпанија, Словенија, Исланд, Црна Гора, Полска и Чешка

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пелистер се спаси од пораз: Хосни во последна секунда погоди против Алкалоид (Видео)

Актуелниот ракометен шампион Пелистер освои голем бод на гостувањето кај Алкалоид во Авток…