Maкедонската ракомента репрезентација забележа убедлива победа против Алжир од 15 разлика со 25:40.
Само во почетните минути Алжир беше достоен протиовник на Македонија, до 2:2, а потоа Македонија ја презема иницијативата и почна да го трасира патот кон победата. Со одбраните на Митревски стигнавме до 6:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од тој момент Македонија доминираше на паркетот, игравме брзо и тоа беше енигма за противникот. На полувреме водевме со осум разлика (19:11).
Во второто полувреме продолживме со добрата игра и нашата предност само растеше. Најефикасен во нашите редови на крајот беше Жарко Пешевски кој постигна седум гола, Манасков го следеше со шест.
Никола Митревски го заврши натпреварот со 11 одбрани, а Томовски одбрани еден седмерец. Во редовите на Алжир најефикасен беше Дауд со пет гола и Абди со четири.