Дома Македонски спорт Македонија го доби и петтиот претставник на Олимписките игри во Париз

Македонија го доби и петтиот претставник на Олимписките игри во Париз

Македонија го доби и петиот учесник на Олимписките игри кои ова лето ќе се одржат во Париз од 26. јули до 11. август.

Македонскиот олимписки комитет беше информиран дека, со заедничка одлука на Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната Џудо Федерација, врз основа на постигнатите резултати и постоечките правила, најдобриот македонски џудист, Еди Шерифовски (категорија -81 кгр) ќе учествува на Олимписките игри Париз 2024.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со ова продолжува трендот на континуирано учество на македонските џудисти и џудистки, имајќи во предвид дека ова се трети Олимписки игри по ред на кои учествуваат најдобрите македонски спортисти и спортистки во Џудо. Претходно Катерина Николовска во РИО 2016 и Арбреша Реџепи ТОКИО 2020 учествуваа на Олимписките игри, а сега и Еди Шерифовски.

Претходно беше потврдено учеството на атлетичарот Дарио Ивановски, борачт Владимир Егоров, таеквондистката Мила Рељиќ и Анатастија Мојсовска која ќе не претставува во спортско стрелаштво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…