Дома Македонски спорт Македонија ги дозна противниците во битка за пласман на Евро 2026 во футсал

Македонија ги дозна противниците во битка за пласман на Евро 2026 во футсал

Во текот на вчерашниот ден беше извршена ждрепка за квалификациите за УЕФА футсал ЕУРО 2026.
40 репрезентации ќе се борат за пласман на натпреварувањето.

Селекциите учесници во извлекувањето беа поделени во 10 групи со четири репрезентативни селекции.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија се најде во групата 7 заедно со Португалија, Холандија и Андора.

Квалификациските натпревари за футсал настанот на ЕП 2026 ќе се играат од декември 2024 до април 2025 година.

Летонија и Литванија како организатори на ЕП 2026 обезбедија по едно место автоматски, додека десетте победници на групите ќе се квалификуваат за овој настан, а осумте втори во групата ќе играат во плеј-оф.

Квалификациските натпревари започнуваат на 9 декември 2024 година и завршуваат во април 2025 година.

Европското првенство во футсал во Летонија и Литванија започнува на 18 јануари, а завршува на 8 февруари 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…