Изминатата ноќ продолжи победничката низа на Македонецот, Горјан Гого Славевски кој се натпреварува во боречки вештини во САД.
Славевски во БКФЦ серијата или бокс без ракавици дојде до петтата победа во низа. Со пет победи во низа Славевски обезбеди борба за шампионскиот појас во валтер категоријата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во оваа петта борба го нокаутираше Јосденис Чедено од Куба, а по победата испрати силна порака на македонски јазик.
„Македонски народе, одиме по светска титула“, извикуваше Славевски во арената.
Инаку, Славевски со бокс се занимава од свои 17 години кога започна да ја претставува Македонија на регионалната сцена.
Борбата на Славевски е на 04:48:00 од видеото