Дома Останати Мадрид: Ѓоковиќ потсети на најдобрите денови и го елиминираше Нишикори

Мадрид: Ѓоковиќ потсети на најдобрите денови и го елиминираше Нишикори

Одличен старт во Мадрид на српскиот тенисер.

Иако ждрепката не му беше наклонета, Ѓоковиќ успеа да го совлада тешкиот противник Кеи Нишикори. Новак славеше во два сета со резултат 7:5 и 6:4.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Во денешниот натпревар Новак во некои моменти потсети на времето кога беше во најдобра форма.

Од самиот старт можеше да се забележи дека Ѓоковиќ е расположен за играл, чисто ја удираше топката, во еден момент имаше пад на концентрацијата, но брзо се врати. Нишикори попушти во финишот од првиот сет, па Србинот поведе со 1:0.

Нешто слично како и во првиот сет, Ѓоковиќ и вториот го реши во завршницата, па на крајот стигна и до победата. Негов противник во второто коло ќе му биде победникот од мечот помеѓу Данил Медвед и Кајл Едмунд.

Титулата на Мастерсот во Мадрид ја брани Рафаел Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познат терминот кога Ѓоковиќ и Синер ќе се борат за финале на Ролан Гарос

Познато е кога ќе играат српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Италијанецот Јаник Синер во полу…