Од неделата вечерта кога беше објавено дека ќе се формира Суперлигата пристигнуваат голем број критики.
Сега критики за основачите на Суперлигата испрати и фудбалерот на Аталанта Робин Госенс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Низ целиот свет луѓе умираат од глад, а овие 12 клуба се решиле да прават приватна лига со милијарди само за себе. Во фудбалот аутсајдерот има шанси да победи, вака на помалите клубови им се укинува таа шанса. Арсенал и Тотенхем без резултати влегуваат во таа лига и тука се губат темелите на фудбалот. Ова е против се што е фудбалот во неговата суштина. После ова фудбалот никогаш нема да биде ист, сите треба тоа да го сфатат“, изјави Госенс.
Од италијанската Серија А во Суперлигата ќе учествуваат Јувентус, Интер и Милан.