Дома Останати Авто Мото Луис Хамилтон бара 55 милиони евра годишно!

Луис Хамилтон бара 55 милиони евра годишно!

Сe уште не е познато каде ќе вози Луис Хамилтон по истекот на неговиот договор со Мерцедес оваа година.

Иако се чинеше дека скоро сигурно ќе ја продолжи соработката со Мерцедес, преговорите се искомплицирале последниве денови, пренесува италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот возач бара од Мерцедес четири годишен договор и годишна плата од дури 55 милиони евра во однос на 42-те што тој во моментов ги заработува.

Тимот од Штутгарт размислува поинаку и се подготвени да му понудат на актуелниот шампион во Формула 1 двегодишен договор, што е разбирливо со оглед на тоа што искусниот возач има 35 години.

Во Ферари веќе се одлучија за Чарлс Леклерк, а во Ред Бул за Макс Верстапен откако потпишаа нови долгорочни договори, па на Хамилтон и Мерцедес не и преостанува ништо друго туку некако да најдат заеднички јазик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Несреќа на рели трка во Хрватска: Возач удри директно во куќа покрај патеката 🎥

На рели трката од Светскиот шампионат во Хрватска на која победи Себастиен Оже се случи и …