Лионел Меси се огласи по повод крајот на репрезентативната кариера на Луис Скола.
Легендарниот кошаркар во својата 41. Година одлучи да стави крај на играњето за националниот тим и да им ја препушти шансата на помладите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Луис Скола е вистинска легенда на Аргентина, не само поради спортските успеси, туку и поради однесувањето кон дресот.
Меси за него имаше само пофални зборови.
„Твојата импресивна кариера те претвори во голем претставник на аргентинскиот спорт и целиот свет. Ти благодарам“, гласи пораката на Меси.