Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е жител на Монако, па би можел слободно да се шета низ градот и да игра на турнирот во Монте Карло, кој е закажан од 9 до 17 април, но апсурдно е тоа што би можел да настапува само до полуфиналето.
Во Монако важат правилата на француската Влада, а до пред некој ден Ѓоковиќ имаше дозвола поради прележан ковид-19 во декември да игра на турнирот, но ситуацијата се искомплицира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Владата на Франција реши да го намали рокот на траење на пропусниците од шест на само четири месеци, па така позитивниот тест на Ѓоковиќ од 16 декември не би можел да важи ако тој се пласира во полуфинале.
Засега не е познато како би се решил овој проблем, ако Србинот настапи на турнирот и стигне до полуфинале, па останува да видиме што ќе се случува во Монте Карло за два месеци од сега.