Дома Топ вести Луди цифри: Откриени сите детали од новиот договор на Меси!

Луди цифри: Откриени сите детали од новиот договор на Меси!

Каталонија слави – Меси го продолжи договорот со Барселона до 2021 година и стави крај на сите шпекулации околку својата иднина.

Еден од најдобрите фудбалери во светот се обврза на верност кон Барселона во наредните четири години, со можност договорот да биде продолжен на уште една година, што значи дека Меси најверојатно ќе ја заврши кариерата во Барселона.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Веднаш после потпишувањето на договорот каталонскиот медиуми ги открија сите детали, а сумите се навистина астрономски.

Во договорот има откупна клаузула која изнесува 300 милиони евра, а неделната плата на Лео Меси ќе изнесува 568.000 евра. На месечно нови тоа ќе изнесува 2,2 милиони евра, а годишната заработика на Аргентинецот ќе биде неверојатни 27 милиони евра.

Но, тоа се само официјалните цифри, медиумите тврдат дека Меси при самиот потпис ќе добие додатни 25 милиони евра, односно фиксната заработка ќе може да ја зголеми за 20% со освојување на трофеи во Шпанија, Лига на шампиони како и освојување на „Златна топка“.

Кога сето тоа ќе се собере се доаѓа до навистина „луди“ цифри кои веројатно Аргнетинецот го прават најплатен фидбалер на планетата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид и Барселона ја следат ситуацијата со Халанд

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд сака да го напушти Манчест…