Коњаспор го победи Бешикташ во турскиот Суперкуп со 2:1 и тоа во драматична завршница, но натпреварот остана во сенка на инцидентот кој се случи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Инцидентите на навивачите во Турција се позната работа, но ова ги премина сите граници. Имено, во еден момент од натпреварот навивачите со нож го гаѓаа Кварезма, кој за среќа остана неповреден, а ножот му го предаде на судијата.
На крајот на натпреварот на терен влетаа навивачите на Коњаспор, па според некои извештаи ги нападнале фудбалерите на противничкиот тим. За среќа полицијата брзо реагирала.