Дома Фудбал Франција Луда приказна од Франција: Има и втор Лионел Меси – игра фудбал и работи како магационер!

Луда приказна од Франција: Има и втор Лионел Меси – игра фудбал и работи како магационер!

Интересна приказна ни доаѓа од Франција каде што летово пристигна Лионел Меси, но Аргентинецот не бил единствениот Лионел Меси во оваа земја, имало и втор и тоа со потекло од Камерун.

Ерата на доминација на Меси донесе многу вакви имиња секаде ни светот, меѓутоа Камерунецот кој го носи ова име не е роден во овој период. Тој е роден 30. март 1995 година тогаш Меси не беше мега популарен како денес. Црномурестиот Меси игра аматерски фудбал и работи како магационер.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Кога ќе каже како се вика ретко кој му верува што е и нормално. Многу често за да докаже дека не лаже мора да ја прокажува својата лична карта.

„Не е лесно да се викаш Лионел Меси, проблем е. Никој не ти верува, но има и добра страни и името многу пати ме спасило. Во една прилика на еден друга му истече регистрацијата и баш тогаш не запре полицијата. Ни побараа документи кога го видоа моето име почнаа да се смеат, се расположија па не пуштија без казна“, зборува Камерунецот.

Се случува и да заработи од името.

„Се случува кога ќе заминеме некаде другарите да се обложат со зборовите – знаете ли дека Лионел Меси ми е пријател? Нормално, никој не им верува. Тогаш им ја покажуваме личната карта и тие ги земаат парите“.

Неговиот приход од аматерскиот фудбал е 400 евра месечно, па мора да работи и како магационер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Терзиќ: Време е да ја прекинеме серијата на Реал Мадрид

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ смета дека неговиот тим може да ја прекине сери…