На денешната прес-конференција стратегот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг потврди лоши вести.
Имено, „црвените ѓаволи“ нема да може да сметаат на услугите на Дони Ван Де Бек до крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За жал ќе бидеме без Дони до крајот на сезоната. Нашите мисли се со него. Навистина е лошо кога ќе добиете ваков удар во такот на сезоната“, изјави Тен Хаг.
Ван Де Бек се повреди во натпреварот против Евертон од ФА Купот. Холанѓанецот не се изнаигра на „Олд Трафорд“, но потоа Тен Хаг почна да му дава прилика дојде оваа повреда.