Денес стигнуваат лоши вести за македонската атлетика откако се потврди дека еден од нашите најдобри атлетичари, Дарко Ивановски нема да настапи на Европското првенство кое од 4 до 7 март ќе се одржи во Полска.
Причина што Ивановски нема да настап е што тој се заразил со коронавирусот, на последното тестирање добил позитивен резултат, па затоа не може да ги брани боите на Македонија на ова натпреварување.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
“И официјално на престојно ЕП во сала кое ќе се одржи оваа недела во Торун, Полска, нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски НЕМА ДА НАСТАПИ.Да му посакаме многу здравје, брзи и лесно подносливи денови во ова светско КОВИД лудило кое удри и кај нашиот неприкосновен шампион.Се гледаме напролет на новите предизвици“, објави утрово неговиот тренер, Игор Јакимовски.