Дома Фудбал Паметен пресврт и драма на крајот, Аталанта ја елиминира Борусија Дортмунд

Паметен пресврт и драма на крајот, Аталанта ја елиминира Борусија Дортмунд

Аталанта создаде извонреден пресврт и по победата со 4:1 ја елиминираше Борусија Дортмунд во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите. Германците имаа сериозна предност од два чисти гола по првиот натпревар, но играа многу слабо и ја допуштија тежоката загуба, со што по вкупен резултат 4:3 тие се надвор од турнирот на богатите.

Успехот за бергамаските дојде на многу драматичен начин – со доцен пенал, реализиран од Лазар Самарџиќ. Пред тоа тие беа поведени со 3:0, пред Карим Адејеми да врати еден гол за „жолто-црните“.

На овој начин Аталанта се пласира на осминафиналето, каде што ќе се сретне со многу тежок противник – Арсенал или Бајерн (Минхен). Екипата на Рафаеле Паладино стана само третиот италијански тим, кој успеал да елиминира противник по два гола пасив во првиот натпревар – по Јувентус и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …