Дома Фудбал Италија Лоша вест за Гатузо: Милан без одбрана против Наполи!

Лоша вест за Гатузо: Милан без одбрана против Наполи!

Тимот на Милан нема да може да смета на Алесио Ромањоли во следните две недели, потврди денес италијанскиот клуб.

Дефанзивецот се повреди за време на натпреварот со Сасуоло, а деталните медицински прегледи покажаа дека има повреда на мускулот која ќе го оддалечи најмалку две недели од терените.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Милан соопштува дека Алесио Ромањоли има повреда на бутниот мускул, со која се здоби на мечот против Сасуоло. После две недели ќе бидат направени дополнителни медицински прегледи“, стои во соопштението.

Ова е лоша вест за Гатузо, бидејќи Ромањоли е еден од најважните фудбалери во тимот. Притоа, за следното коло против Наоли нема да може да смета ни на Леонардо Бонучи, кој ќе отсуствува поради бројот на жолти картони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…