Стефан Лихштајнер следното лето би можел да се врати во Лацио и тоа како слободен играч, пренесуваат италијанските медиуми.
Договорот на Лихштајнер со „старата дама“ истекува ова лето, а двете страни не се заинтересирани за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него инетерес покажуваат Олимпик Марсеј и Валенсија, но Швајцарецот приоритет му дава на Лацио, кој сака да го врати на „Олимпико“.
Лихштајнер беше член на Лацио од 2008 до 2011 година, кога премина во Јувентис, и има над 100 настапи за „орлите“.