Дома Фудбал Останато Лион го понижи Сент Етјен на гости, средбата прекината во 85-та минута

Лион го понижи Сент Етјен на гости, средбата прекината во 85-та минута

Во дербито од 12-то коло на француската Лига 1, Лион запиша уште една победа понижувајќи го Сент Етјен на гости со резултат од 5:0, а средбата беше прекината во 85-та минута.

Првите два погодоци Лион ги постигна после молњевити контранапади. Депај уште во 10-та минута донесе резултатска предност за Лион, а веќе во 25-та минута на семафорот стоеше 0:2, после погодокот на Фекир.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во 47-та минута домашниот играч Лакроа направи глупост преостро фаулирајќи го Фекир, поради што Турпин му покажа црвен картон и го прати во соблекувалната.

На Лион не му беше тешко да ја сочува резултатската предност со играч повеќе, а до крајот на средбата во листата на стрелци се запишаа и Диаз и Траоре.

Диаз во 58-ма минута без проблем ја смести топката во празната мрежа после одлична асистенција на Тете, а Траоре беше прецизен во 65-та минута.

Кога Фекир го постигна и својот втор погодок во 85-та минута, го соблече дресот и почна да ги провоцира домашните навивачи.

Изреволтирани, навивачите од Сент Етјен втрчаа на теренот, пасудијата Турпин ја прекина средбата. Речиси е сигурно дека дуелот ќе биде регистриран со резултат од 5:0 во корист на Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола спрема спектакуларно засилување во јануари

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред,…