Maнчестер Сити го обезбеди своето прво финале во Лигата на шампионите.
Вчера „граѓаните“ беа подобри од ПСЖ и така дојдоа до ситуација да се борат за трофејот во елитното натпреварување на 29. мај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После триумфот на Сити со реакција се јави тимот на македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски. Лидс се пофали дека тие се единствениот кој не бил победен од Сити. Не само што не беа победени, Лидс и славеше во последниот нивни натпревар. Во тој натпревар Алиоски запиша одлична асистенција во финишот од натпреварот.
„Манчестер сити играше против 29 екипи сезонава… и не успеа да победи само еден тим во тој период. Да се победи Сити не е за сите“, се пофали Лидс на социјалните мрежи.