Веднаш после ждрепката за Лигата на шампионите денес во Нион се извлекоа и паровите за второто по квалитет натпреварување во Еропа, Лигата на Европа.
И Лигата на Европа иако привлекува помалку внимание од Лигата на шампионите има што да понуди. Така во четвртфиналето од ова натпреварување најмногу внимание привлекуваат двомечите на Наполи – Арсенал и шпанското дерби Виљареал – Валенсија.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
На хартија гледајќи ги имињата на противниците најмногу среќа имаше тимот на Челзи кој за противник го доби најголемото изненадување во ова натпреварување оваа фаза Славија Прага.
ПАРОВИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО
Наполи-Арсенал
Виљареал-Валенсија
Бенфика-Ајнтрахт Франфурт
Славија Прага-Челси
Како и во Лигата на шампионите и тука беа извлечени потенцијалните парови за полуфиналето.
ПАРОВИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО
Наполи/Арсенал-Вилјареал/Валенсија
Бенфика/Ајнтрахт Франфурт-Славија Прага/Челси
Термините за четвртфиналните средби се 11 и 18 април, полуфиналињата се на програмата на 2 и 9 мај, додека мечот за титула во Баку е закажан за 29 мај.