Дома Фудбал Лига на шампиони Ливерпул ја доби фудбалската класика со Милан, голеада во Манчестер, Родриго го „расплака“ Интер 🎥

Ливерпул ја доби фудбалската класика со Милан, голеада во Манчестер, Родриго го „расплака“ Интер 🎥

Вечерва се играа вториот дел натпревари од воведното коло во Лигата на шампионите.

Најголемо внимание привлекуваше дербито на „Енфилд“ помеѓу Ливерпул и Милан, а двата европски гиганти одиграа натпревар за уживање. Започна со доминација на Ливерпул, се играше пред голот на Милан. Арнолд се обиде да нафрли, а Томори го промени правецот на топката доволно таа да заврши во мрежата. Неколку минути подоцна Мањан одбрани пенал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Милан во самиот финиш од полувремето успеа да излезе од својата половина и во првата посериозна шанса преку Ребиќ изедначи. И тука не застана. Само две минути подоцна Брахим Диаз погоди за целосен пресврт и водство на Милан на полувремето.

На стартот од вториот дел Милан тргна офанзивно, но Ливерпул брзо изедначи. Салах се поправи за промашениот пенал и погоди за 2:2. На 20 минути до крајот Хендерсон зафати еден фантастичен удар, па Ливерпул го врати водството. Тој резултат се покажа и како конечен.

Интересно е очекуваше да биде и во натпреварот помеѓу Интер и Реал Мадрид. Таму Реал Мадрид стигна до победата со голот во последните минути на Родриго.

Атлетико Мадрид и Порто ги поделија бодовите одигрувајќи 0:0.

Супер интересно беше во Манчестер каде што Сити го пречека германски Лајпциг. Англичаните добро отворија и после половина час водеа со 2:0, погоди Аке, а Мукиелеле си постигна автогол. Нкунку во 42. Минута намали на 2:1, за Сити во судиското продолжение преку Марез од пенал да ги врати двата гола предност (3:1).

На стартот од вториот дел Нкунку го постигна својот втор гол и намали на 3:2. Грилиш пет минути подоцна стрела за 4:2. Во 67. Минута ВАР поништи гол на Сити. Нкунку не застана на двата гола и во 73. минута стигна до хет-трик за 4:3. Кансело во 75. зголеми на 5:3. За конечните 6:3 се погрижи Жезус.

Спортинг доживеа тежок пораз од Ајакс дома со 1:5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал Мадрид може да заработи 30 милиони евра од фудбалер кој си замина пред три години

Реал Мадрид ова лето би можел да добие сосема неочекувана финансиска поддршка благодарение…