Вечерва на „Ноу Камп“ беше одигран првиот полуфинален натпревар помеѓу Барселона и Ливерпул кој заврши со победа на Каталонците од 3:0.
Барселона до преднсот стигна во 26-тата минута. Жорди Алба одлично го пронајде Луис Суарез кој ја погоди мрежата на Ливерпул за 1:0.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Иако видовме по неколку прилики и на двете страни до полувремето резултатот не се промени.
Ливерпул во второто полувреме беше подобар противник и напаѓаше, создаваше прилики, но не успеваше да го пронајде патот до мрежата до голот од Алисон.
Промашувањата на Ливерпул беа казнети во 75-тата минута кога Суарез погоди пречка, а топката стигна до Меси кој скоро и да влезе со топка во голот за 2:0. За поубедлива предност пред реваншот се погрижи повторно Меси со маестрален слободен удар во 82-та минута за конечни 3:0.