Баерн Минхен вечерва со пресврт славеше на гостувањето против Аугусбург и дојде на -2 од Борусија Дортмунд која својот натпревар од 22-то коло го игра за викендот.
Овој натпревар ќе остане и запишан во историјата на германската Бундес лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено фудбалерот на Баварците Леон Горецка „успеа“ да си постигне автогол после само 13 секунди игра!
Ова е прв сам трет пат во историјата на најсилното германско првенство еден играч да си ја погоди сопствената мрежа во првата минута.
Последен пат автогол во првата минута во Бундес лигата бил виден во далечната 1979 година.