Кристиано Роналдо ја разочара јавнсота кога не се појави на церемонијата за избор на најдобар фудбалер во Европа.
Во конкуренцијата помеѓу него, беа Модриќ и Салах, каде што Хрватот ја освои наградата, но Португалецот не се појави. На крајот, Роналдо и неговиот агент, но и сестрата беа разочарани зошто Португалецот не ја доби таа награда, но одговорот беше даден од легендарниот играч на „Старата дама“, Алекс Дел Пјеро.
Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓
Тој изјави дека не може да го разбере Роналдо кој не се појави на церемонијата, со оглед на тоа што да се биде таму е неверојатно чувство.
„И јас би бил лут да сум на местото на Роналдо, но да не се појавиш на свечената церемонија, тоа никогаш нема да го разберам. Тоа е нешто посебно“, изјави Дел Пјеро.
Легендарниот фудбалер изјави дека Модриќ во целост ја заслужи оваа награда и дека веројатно ќе ја добие Златната топка.