Бразилецот Кутињо после неуспешниот период во Барселона се пресели во Баерн, меѓутоа легендарниот фудбалер на клубот од Минхен, Дитмар Хаман смета дека Кутињо не е играч за Баерн, освен тоа испрати порака до раководството да тргнат по Покетино.
Баерн го позајми Кутињо минатото лето од Барселона за 8.5 милиони евра и има опција да го откупи неговиот договор за 120 милиони евра. Според она што Кутињо го прикажува до сега во Минхен не изгледа дека тоа ќе се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Дитмар Хаман смета дека Кутињо не е играч за Баерн.
„Кутињо покажа дека не вреди 100 милиони евра, тој во овој момент не вреди ниту половина од таа сума. Кутињо е премногу осетлив играч, а Баерн е специфична средина која не е за секого. Во Ливерпул му одеше одлично. Во Барса и сега во Баерн тоа не е случај, тој е само еден од многуте играч“, смета Хаман.
Тој испрати и порака Баерн да го доведе Покетино.
„Баерн треба сериозно да размисли за Покетино. Тоа е нивна должност кога таков тренер слободен, не постојат многу тренери во светот како Покетино“, порача легендарниот фудбалер.