Дома Фудбал Репрезентации Легендарниот Тим Кејхил се прости од фудбалот: Неговиот гол против Холандија не се заборава (ВИДЕО)

Легендарниот Тим Кејхил се прости од фудбалот: Неговиот гол против Холандија не се заборава (ВИДЕО)

cahil

Легендарниот Австралиец Тим Кејхил одлучи да ја заврши кариерата на 39 години.

Кејхил соопшти дека е премногу стар за играње фудбал, но и дека во иднината ќе се посвети на тренерската работа.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„За играње фудбал сум премногу стар, иако би сакал да продолжам. Сепак, имам 39 години и сега ме интересираат некои други работи. Сакам да одморам со семејството, а подоцна веројатно ќе се обидам да започнам тренерска кариера. Имав одлична кариера и бев на четири континенти“, изјави Кејхил.

Тој најдобрите денови од кариерата ги помина во Евертон каде што настапуваше осум години, а на крајот одлучи да го состави и идеалниот тим од играчи со кои ја делел соблекувалната.

На голот Кејхил избра да биде Шварцер, потоа во одбраната Лејтон Беинс, Стубс, Јагиелка и Фил Невил.

Средниот ред Кејхил им го довери на Стивен Пиенар, Гравсен, Карсли и Микел Артета. Местата во нападот Кејхил ги резервираше за Фергусон и Видука.

Инаку Кејхил е еден од најдобрите австралиски фудбалери на сите времиња, а за репрезентацијата одигра вкупно 108 натпревари и постигна 50 голови.

Секако, еден од најпознатите и најдобри голови Кејхил го постигна на Светското Првенство во 2014 година во натпреварот помеѓу Австралија и Холандија кој заврши со резултат од 3:2 во корист на фаворизираната Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…