Oд Австралија ни пристигнуваат трагични вести за смртта на Трој Дарган кој во својата земја беше познат рагбист.
26-годишниот Дарган животот го загубил во сообраќајна несреќа во вечерта на католичкиот Божиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговите менаџери денеска ја потврдија трагичната вест.
„Со тешко срце ја потврдуваме веста за смртта на Трој во текот на ноќта. Тој и неговото семејство беа на одмор на Куковите острови каде што доживеа сообраќајна несреќа. Семејството замоли за приватност во овие тешки моменти“, стои во објавата на менаџерите.
Дарган во 2020 година беше член на сениорската лига во Австралиај и неодамна потпиша двегодишен договор.
Се огласи и неговиот поранешен клуб Бронкос.
„Сите во Бронкос се длабоко ожалостени поради смртта на Трој Дарган и со мислите сме со неговото семејство, пријателите и саканите. Секогаш ќе биде дел од нашето семејство“, стои во објавата на клубот.