Легендарниот тенисер Џон Мекинро пред почетокот на „Австралија Опен“ прогнозораше дека Новак Ѓоковиќ ќе биде многу успешен и во наредните години.
Мекинро тврди дека Ѓоковиќ ќе биде рекордер по бројот на освоени Грем слем титули по завршивањето на неговата кариера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Моментално на вечната листа води Федерер со 20 Гренд Слем титули, па следува Надал со 18, а Ѓоковиќ има 16 титули.
„Да морам да се обложам веројатно би го избрал Новак како тенисер кој ќе биде рекордер по бројот на Гренд Слем титули! Ако остане здрав има големи шанси да освои уште неколку титули, секоја сезона по два или три. Прашање е дали Роџер ќе може да земе уште еден Гренд Слем, односно дали некој ќе успее да го совлада Надал на Ролан Гарос. Верувам дека Рафа ќе освои уште некој Гренд Слем, но Новак ќе биде рекордер“, истакна Мекинро.