Полскиот напаѓач Роберт Левандовски помина осум години во Баерн Минхен пред летово да се пресели во Барселона.
Левандовски го напушти Баерн со конфликт со раководството, па дел од навивачите и се свртеа против него. Меѓутоа во Минхен каде што гостуваше со Барселона во второто коло од Лигата на шампионите беше пречекан со аплаузи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Благодарен сум на навивачите во Минхен за начинот на кој бев прмен, навистина ми значеше такво нешто. Не беше лесно, но тие се полни со почит. Неа беа тоа две-три години, тоа беше еден долг период, кој не можете да го заборавите или да го тргнете на страна“, изјави Левандовски.
Против својот поранешен клуб Левандовски имаше две добри прилики за да постигне гол, но не реализираше.