Роберт Левандовски и оваа сезона со своите настапи во Баерн Минхен покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но Полјакот остана разочаран што го изгуби приматот најдобар стрелец во домашното првенство.
Левандовски јавно ги обвини соиграчите дека не му дале поддршка да стане најдобар стрелец во Бундес лигата, а најновата изјава на неговиот агент предизвика „земјотрес“ во Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Роберт ми порача дека не ја добил потребната поддршка од Анчелоти на последниот меч во сезоната. Едноставно не му помогна за да остане најдобар голгетер“.
„Левандовски е навистина многу разочаран, никогаш не сум го видел таков. Очекуваше дека тимот ќе го поддржи колективно, но тоа не се случи“, порача агентот на голгетерот, Мајк Бартек.
Ваквата изјава медиумите ја толкуваат како најава за шокантен трансфер на Полјакот, за кого интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, како и Пари Сент Жермен.