Дома Фудбал Останато Лев се потсети на СП во 2010: Марадона во тунелот плачеше како мало дете

Лев се потсети на СП во 2010: Марадона во тунелот плачеше како мало дете

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев се потсети на четвртфиналето на Светското првенство во 2010 година и дуелот со Аргентина.

Германците се пласираа помеѓу најдобрите четири репрезентации со победа од 4:0, а после натпреварот Лев сакал да се ракува со тогашниот селектор на Аргентина, Диего Марадона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Отидов да се ракувам со него во тунелот. Стоеше со ќерката и плачеше како мало дете. Го потакпав по рамото, но не можеше ниту да се помрдне. Не забележа ништо, му беше повредена националната гордост“, изјави Лев.

Германија тогаш славеше со головите  на Косе (67. 89), Фридрих (74) и Милер (3), а подоцна со поразот од Шпанија и победата над Уругвај Германците завршија како третопласирани на СП во Јужна Африка.

За Марадона тоа беше последен натпревар на клупата на Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јирген Клоп ја соопшти одлуката за иднината – конечно се решени сите мистерии

Легендарниот германски тренер Јирген Клоп ја заврши приказната за преземањето на Реал Мадр…