Леброн Џејмс смета дека знае која е најголемата предност на европските кошаркари.
Претходно кошаркарите од Европа добивале пофалби од Грег Поповиќ и Коби Брајант, а сега тоа го направи и Леброн Џејмс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако, поводот беше Лука Дончиќ, односно натпреварот помеѓу Далас и ЛА Лејкерси.
Дончиќ на 19 години веќе успешно игра во НБА лигата, а после натпреварот доби и дрес потпишан од Леброн.
„Европските кошаркари побрзо се развиваат од НБА играчите. Мислам дека Дончиќ во професионална фаза беше на само 15 години, така? Верувам дека сето ова за него не е застрашувачки. Не мислам дека ова беше нешто што не видел претходно“.
„Тоа е најдобрата работа во европската кошарка. Се развиваат толку рано и се повеќе спремни“, изјави Џејмс.