Дома Фудбал Италија Лафонт: Сонувам да му одбранам пенал на Роналдо и Фиорентина да победи

Лафонт: Сонувам да му одбранам пенал на Роналдо и Фиорентина да победи

Голманот на Фиорентина, Албан Лафонт призна пред натпреварот со Јувентус дека сонува да му одбрани пенал на Кристиано Роналдо.

Фиорентина и Јувентус во сабота ќе го играат натпреварот од 14-тото коло во Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Сонувам за тоа да му одбранам пенал на Кристиано Роналдо и Фиорентина да го победи Јувентус“, изјави Лафонт за „Газета дело Спорт“ и додаде дека Јувентус не е само Роналдо.

„Мораме да бидеме внимателни цел натпревар. Јувентус не е само Роналдо, можат да бидат опасни и преку други играчи како што се Пјаниќ, Дибала, Манџукиќ…“, смета Лафонт.

Натпреварот помеѓу Фиорентина и Јувентус се игра во сабота од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Mилан го реши голманското прашање до 2031 година!

Милан денеска соопшти дека капитенот на тимот и голман Мајк Мењан го потпиша новиот догово…