Maкедонија вечерва ја очекува бараж натпреварот за Светското првенство против Чешка.
Селекторот Кирил Лазаров и пред овој дуел ја истакна како многу значајна поддршката од навивачите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека поголем дел од овие шеснаесет ракометари кои ќе играат вечерва го почувствуванле теренот во Злин, знаат дека не е едноставно, дека првиот налет на Чесите е силен и тежок да се издржи. Ќе бидеме фокусирани и подготвени да одговориме на тоа. Знаеме дека Чесите се оптимисти, дека веруваат дека можат да дојдат до Светско првенство, но ние веќе ги елиминиравме во минатото. Подготвени сме, сконцентрирани сме… ме радува формата на нашите репрезентативци во пресрет на овој бараж. Имаме прецизно доделени задачи на ракометарите и верувам дека ќе се исполнат и дека ќе одиграме добар натпревар. Многу ќе ни значи поддршката, ќе имаме наши навивачи, а на оваа наша репрезентација секогаш и е добредојдена поддршка од македонската „Фаланга“ и тоа ни е дополнителен „ветер во грб“ пред овој дуел.
Познавајќи го Сабате, знам дека тој ќе инсистира на висок ритам на игра во текот на сите шеесет минути, ние ќе треба да го издржиме тој налет, ќе треба добро и квалитетно да изротираме. Мислам дека сме доволно подготвени, фокусирани за да одиграме онака како што посакуваме. Тие ќе играат брзо, но мислам дека и ние имаме и сила и младост и полетност, добро сме физички подготвени… Сигурно нема да се браниме, ќе играме брзо, но паметно… имаме доволна сила за да можеме да го издржиме тој интензитет што тие ќе го наметнат во текот на натпреварот“, изјави Лазаров.